Connect with us

Босанчиќ е ново засилување на Вардар

Поранешниот фудбалер на Струга Трим Лум, Немања Босанчиќ, ќе го засили Вардар. Тој е најновото решение за средниот ред на вардарци, кој можебо делуваше и најочајно во првите четири кола од новата сезона.

Босанчиќ по заминувањето од Струга ТЛ го носеше дресот на финскиот тим Лахти, а потоа играше и во Паневезис од Литванија. Сега повторно ќе се врати во македонскиот шампионат.

Вардар го промовираше и новиот тренер Срѓан Захариевски кој денеска ќе го одржи и првиот тренинг со тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови