Генерален секретар на Работнички, Ненад Монев, успешно дипломираше на престижната програма на УЕФА Академијата и Универзитетот од Лозана, Диплома за фудбалско лидерство и менаџмент (ДФЛМ).
Монев воедно се стекна и со одличјето “Diploma with distinction” која според стандардите на швајцарскиот образовен систем им се доделува на најдобрите студенти во генерацијата, односно на оние кои дипломираат со највисока оценка, објави клубот од Дебар Маало.

„ФК Работнички е неизмерно горд што има клупски кадар кој се докажува и е високо респектиран во европски фудбалски организации, како што е УЕФА“, велат од Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













