
Две седмици подоцна, иста дилема е пред раководството на Вардар. Кој да биде нов тренер на најтрофејниот клуб. По заминувањето на Горазд Михајлов некако природно се наметна одлуката неговиот прв асистент Горан Петрески да го преземе тимот, но тоа не се покажа како добро решение.
Ако поразот на Чаир против Шкупи беше очекуван, сепак, оние убедливи 3-0 и дузината шанси што ги имаше противникот не ветуваа ништо добро. Се покажа дека Вардар не се извлече од кризата ниту против Воска Спорт на домашен терен. Напротив, најновиот пораз (1-3) само ја пламна атмосферата, па и Чунга мораше да замине по само два натпревари на клупата.
Кој е најдоброто решение во моментот? Срѓан Захариевски е слободен и тој е првиот пик за нов тренер на Вардар. Работеше одлично во Струга Трим Лум, а успеа дури и Воска Спорт да ја донесе до финалето на Купот.
Гоце Седлоски е исто така слободен, откако се раздели со Работнички. Тој има искуство во Вардар, и тоа од периодот кога „црвено-црните“ беа многу подобро организирани, со подобар буџет и главни фаворити за титулата. Сега, реално, не е така, а Вардар во моментот е последен на табелата.
Поранешниот селектор Игор Ангеловски е исто така една од опциите. Мрме имаше голем успех како селектор на Македонија, ќе остане запишан во историјата како единствениот што успеал да ја квалификува на Европско првенство, а оттогаш имаше два тренерски ангажмани, без посериозен резултат, па секако најмногу од клупската тренерска кариера се памети неговиот одличен, шампионски период на кормилото на Работнички.
Вардар премногу лесно почна да „троши“ тренери, следниот ќе има многу тешка задача, но исто така треба да добие и време да го стабилизира тимот и да ги наметне своите идеи. Предвидувањата се дека најдоцна до среда, Вардар ќе го избере новиот шеф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
