Робин Госенс повторно ќе игра на италијанските терени. Поранешниот играч на Аталанта и Интер дојде на позајмица од Унион Берлин во Фиорентина. Во договорот на Германецот е вклучена опција за откупување, доколку се исполнат одредени услови.
Госенс имаше добар настап во Бундес – лигата, постигнувајќи шест гола во 30 натпревари, но сепак одлучи да ја напушти својата татковина и повторно да се насочи кон Серија А.
Фиорентина ќе плати само 500.000 евра за позајмицата на Госенс, а ако одлучи да го купи постојано, ќе треба да плати уште 7,5 милиони евра.
Покрај Госенс, Фиорентина го засили и Едоардо Бове од Рома. Младиот играч од Рома ќе игра на „Артемио Франки“ под наем за 1,5 милиони евра, а доколку одигра 60% од натпреварите за „виолетовите“, ќе биде купен за 10,5 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













