
Уругвајскиот фудбалер Хуан Искиердо (27) почина во болница откако минатата недела се сруши на теренот. Одбранбениот играч на уругвајскиот Насионал колабираше за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло во Бразил. Искиердо падна во бессознание во 84. минута, а откако лекарите му пружија прва помош на теренот, веднаш беше пренесен во локалната болница.
Таму беше задржан до вторник. На почетокот се чинеше дека ќе се извлече, но неговата состојба се влоши и трагично почина. На натпреварот доживеа срцева аритмија, поради што мозокот не добиваше доволно кислород. Состојбата се влошуваше, и лекарите не можеа да ја спречат неговата прерана смрт, пишува „ЕСНП“.
Поради трагичниот настан, сите натпревари беа одложени.
„Со голема тага и шок во нашите срца објавуваме дека нашиот сакан играч Хуан Искиердо почина. На неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските им изразуваме најискрено сочувство. Жалиме за оваа ненадоместлива загуба“, стои во соопштението на Насионал.
Уругвајската фудбалска федерација, поради овој трагичен настан, ги одложи сите натпревари изминатиот викенд. Искиердо играше за пет уругвајски клубови, Серо, Пенарол, Вондерерс, Ливерпул и за Насионал. Исто така настапуваше и за мексиканскиот Сан Луис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
