
Шампионот Струга Трим Лум е единствениот тим со максимални шест бода по две одиграни кола. Две минимални победи од 1-0, но доволни за тимот на Ќатип Османи да биде на врвот.
Работнички исто така нема пораз, славеше против Силекс (1-0) дома и ремизираше (1-1) против Шкендија на гости.
Оттаму, ова е еден од најинтересните дуели во третото коло, заедно со дербито на Чаир меѓу Шкупи и Вардар.
„Нѐ очекува тежок натпревар, Струга Трим Лум е актуелен шампион, но ние покажавме дека можеме да одиграме квалитетно и во минатото коло на гости против Шкендија. Доколку повториме едно такво издание, верувам дека можеме не само да оствариме позитивен резултат, туку и да славиме триумф. Имаме респект за противникот, но знаеме и дека сме одлично подготвени и можеме многу оваа сезона“, изјави Дин Аломеровиќ, левиот бек на Работнички.
Стружани сакаат три бода и овој меч, го потенцираше тоа Стефан Јевтоски, поранешниот играч на Работнички, кој сега е дел од шампионот.
Шкупи и Вардар со нови тренери на Чаир ќе имаат жесток дуел. Шкупи лошо го почна шампионатот, а Вардар сѐ уште го бара тимот по реконструкцијата ова лето.
Беса ќе го пречека Тиквеш, Воска е домаќин на Гостивар, а Пелистер се среќава со Силекс.
Во вечерен термин се игра мечот меѓу Брера и Шкендија во Струмица.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (ДЕНЕСКА 16 Ч.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – ВАРДАР
БЕСА – ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР
БРЕРА – ШКЕНДИЈА (20 ЧАСОТ)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
