
Шкупи лошо ја почна сезоната, а Вардар „живна“ со триумфот во дербито (1-0) против Пелистер. Но, после минатото коло и двата клуба се одлучија за промена на тренерските позиции.
Шкупи го смени Ернест Ѓока по поразот од Гостивар (2-0) во Штип, откако претходно одигра само 3-3 и против Воска. Нов шеф на стручниот штаб е Матија Мирков, а ќе му помагаат Бобан Бабунски и Минас Османи.
Од Вардар после триумфот над Пелистер си замина Горазд Михајлов. Раководството на клубот одлучи да му ја довери палката на Горан Петревски – Чунга, кој одамна немаше таков предизвик, ниту пак работеше во Првата лига.
Оттаму, ќе биде многу интересно да се види како ќе се снајдат новите „шефови“ во тренерската улога.
Шкупи направи голема реконструкција на тимот ова лето и тоа може да се забележи во играта, дека новите фудбалери сѐ уште се бараат во играта и во составот. Но, од друга страна, клубот од Чаир веднаш бара да се испорачаат и резултати.
Вардар е исто така во транзициски процес, „живна“ со милионот кој дојде од новиот спонзор, но направи и неколку чудни потези при екипирањето, и во кадровскиот и во играчкиот погон.
Секако, дербито не трпи импровизации, ќе мора на терен да се покаже кој е подобар, само еден ќе може да ги освои бодовите, доколку не си поделат по еден.
Работнички на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Струга Трим Лум со која има екстремно лоша традиција, а Пелистер во Битола е домаќин на Силекс.
Во Охрид се среќааат Воска и Гостивар, додека Беса ќе го пречека Тиквеш.
Дуелот меѓу Брера и Шкендија се игра од 20 часот, во Струмица.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (ДЕНЕСКА 16 Ч.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – ВАРДАР
БЕСА – ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР
БРЕРА – ШКЕНДИЈА (20 ЧАСОТ)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
