
Актуелниот вицешампион на Англија, Арсенал, сака значително да се засили ова лето за повторно да се обиде да му се спротивстави на Манчестер Сити. Тимот на Микел Артета минатата сезона успеа да остане во борба за титулата до последното коло на првенството, но Сити на крајот ја обезбеди својата четврта титула по ред.
Нов член на лондонскиот клуб веќе стана италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори (22), кој пристигна од Болоња за обештетување од 45 милиони евра. Калафиори е првото засилување ова лето, а Арсенал е на чекор до доведување на членот на златната шпанска репрезентација, играчот од средината на теренот на Реал Сосиедад, Микел Мерино.
Мерино веќе играше во Англија. Станува збор за играч кој е шест години повозрасен од Калафиори, кој според Трансфермаркт вреди 50 милиони евра, но со оглед на тоа што е во последната година од договорот, Арсенал ќе го добие за само 32 милиони евра, со можни дополнителни седум милиони евра бонуси.
Мерино го поминал лекарскиот преглед и трансферот наскоро треба да биде потврден.
Мерино на годинашното Европско првенство главно беше џокер од клупата на Луис де ла Фуенте. Во финалето не настапи, но во четвртфиналето против Германија влезе во игра и постигна гол за победа во 119. минута. Мерино е член на Реал Сосиедад веќе шест години.
Започнал во Осасуна, од каде што во 2016 година замина во Борусија Дортмунд. Арсенал нема да биде неговото прво искуство во Англија, бидејќи по само една година во Германија замина во Њукасл, но таму не успеа да се наметне и подоцна беше испратен во Реал Сосиедад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
