
Арсенал подготвува сензационален трансфер во последните денови пред затворањето на летниот трансферен прозорец. „Топчиите“ имаат цел да го доведат крилото на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, тврди британскиот „Индипендент“.
22-годишниот играч имаше одлична сезона за баскискиот клуб со осум гола и 19 асистенции во 37 натпревари во сите натпреварувања. Потоа, тој блескаше и на ЕВРО 2024, каде што имаше клучна улога во освојувањето на титулата од Шпанија. Така, Нико Вилијамс стана еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
На почетокот на летото се зборуваше за сериозен интерес од Барселона, но Каталонците не успеаја да понудат доволно атрактивна понуда. Ова ги намали шпекулациите околу Вилијамс, и очекувањата беа дека ќе остане на „Сан Мамеш“, но сега ситуацијата може драстично да се промени во последните денови пред затворањето на трансферниот прозорец.
Микел Артета инсистира на дополнително засилување на тимот и ќе го искористи последниот момент за да го направи тоа со сензационален трансфер. Нико Вилијамс има откупна клаузула во вредност од 55 милиони евра, што не претставува проблем за Арсенал. Останува да видиме дали самиот играч ќе се согласи на ваков трансфер, имајќи предвид дека тој повеќепати покажал лојалност кон Атлетик Билбао и веројатно нема лесно да си замине ако тоа предизвика проблеми за клубот во пронаоѓање на негов заменик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski