
Наполи и Челси се договорија за трансферот на напаѓачот Ромелу Лукаку. Челси прифаќа фиксна сума од 30 милиони евра плус додатоци до 15 милиони евра за потенцијален пакет од 45 милиони евра.
Лукаку ќе потпише тригодишен договор со Наполи до 2027 година.
Во петокот вечерта, спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, имаше серија разговори со своите колеги од Челси, каде што беа утврдени последните детали за овој трансфер.
„Наполитанците“ се согласија да ја зголемат својата понуда до 30 милиони, додека Челси прифати да ги намали своите барања за дополнителни бонуси, што го олесни финализирањето на зделката.
Лукаку има договор со Наполи за своите лични услови веќе неколку недели. Не е тајна дека неговата желба е да игра на стадионот „Диего Марадона“ под раководство на Антонио Конте.
Тој ќе потпише со “партенопеите” за три години до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
