Connect with us

Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Бен Чилвел

Дефанзивецот на Челси, Бен Чилвел, повторно е опција за Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ одамна го следат 27-годишниот лев бек и сега повторно размислуваат да испратат понуда за него.

Чилвел е еден од фудбалерите кои не се во плановите на Енцо Мареска, и Челси е подготвен да се раздели со него ова лето. Тоа значи дека лондончани веројатно нема да бидат премногу пребирливи во однос на неговата цена и би го пуштиле да си замине и за понизок износ.

Оваа можност може да го заинтересира Манчестер Јунајтед, кој има проблеми на левата страна од одбраната. Лук Шо и Тајрел Маласија беа често повреди минатата сезона, па на таа позиција се испробуваа различни опции. Затоа и доведувањето на Чилвел не изгледа нелогично, особено бидејќи тој во минатото призна дека е навивач на „црвените ѓаволи“ и како мал одел на „Олд Трафорд“ со својот татко.

Откако беше доведен во Челси од Лестер во 2020 година за над 50 милиони евра, Чилвел има одиграно 106 натпревари за лондончани, постигнувајќи девет гола и 12 асистенции.
Дополнително, тој има одиграно 21 натпревар и постигнато еден гол за англиската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови