
Астон Вила и Челси започнaa разговори за потенцијален трансфер на Рахим Стерлинг. Поранешниот играч на Ливерпул се најде во големата група фудбалери кои не се во плановите на Енцо Мареска, и лондончани бараат купувачи за нив.
Од „Стeмфорд Бриџ“ веќе разговарале со неколку заинтересирани клубови, а Астон Вила е подготвена за ваков трансфер.
Според англиските медиуми, Стерлинг претпочита да остане во Премиер – лигата, но дефинитивно ќе мора да ја намали својата плата, која моментално изнесува 325.000 фунти неделно. Сè уште не е јасно каква трансферна сума ќе бара Челси за 29-годишниот крилен напаѓач.
Друг клуб од Премиер – лигата кој веќе покажал интерес за Стерлинг е Кристал Палас. Како опција се споменува и Јувентус, кој, сепак, веќе преговара со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
