
Ливерпул е заинтересиран за ѕвездата на градскиот ривал Евертон – Џеред Брантвејт. Според „Сан“, од црвениот дел на Мерсисајд подготвуваат понуда од 63 милиони фунти плус седум милиони како бонуси.
22-годишниот централен дефанзивец, кој има договор со „карамелите“ до 2027 година, беше трансферна цел и на Манчестер Јунајтед. Од минатиот викенд се зголемија шпекулациите за можноста Ливерпул да го донесе во своите редови, а некои букмејкери на Островот драстично ги намалија коефициентите за ваков трансфер.
На „Енфилд“ сè уште немаат доведено ниту едно ново засилување, но веќе продадоа играчи за над 60 милиони фунти. Фабио Карваљо и Сеп ван ден Берг заминаа во Брентфорд за вкупно 52.5 милиони фунти со бонуси, додека Боби Кларк беше трансфериран во Салцбург за 10 милиони фунти. Дополнително, Ливерпул треба да заработи околу 10 милиони фунти од трансферот на Доминик Соланке во Тотенхем. Тоа значи дека на „Енфилд“ веќе ги имаат обезбедено средствата за ваков голем трансфер како доведувањето на Брантвејт.
Ливерпул исто така може да го продаде и Џо Гомес, за кој бараат околу 45 милиони фунти. Голманот на Валенсија, Ѓорѓи Мамардашвили, ќе биде купен за околу 30 милиони фунти, но веднаш ќе биде испратен на позајмица, најверојатно во неговиот тековен клуб.
„Црвените“ имаат точно една недела за да ги завршат сите зделки, бидејќи трансферниот прозорец се затвора следниот петок, на 30 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
