
Македонското вечно фудбалско дерби меѓу Вардар и Пелистер на арената „Тодор Проески“ привлече околу 5.000 гледачи. Најисполнет е Запад, каде „Комитите“ се во голем број и му ја даваат неопходната поддршка на својот Вардар.
Нема голови по првиот дел, но мечот е возбудлив и имаше шанси на двете страни. Дијанеси, Шаркоски и Омерагиќ се заканија кон голот на Пелистер, а Михаил Талевски во 45.минута ја имаше најдобрата шанса за гостите. Сепак, неговиот силен шут со бравурозна интервенција го скроти Филип Гачевски.
На крајот, сепак, бакљадата на Комити е моментот што го одбележа првиот дел од дербито.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
