
Најтрофејниот македонски клуб Вардар вечерва (20 часот) го пречекува Пелистер во дербито на второто коло од Првата лига. По подолг период „вечното дерби“ на македонскиот фудбал е повторно на сцена, а двата тима треба да прикажат игра која ќе го врати стариот некогаш сјај.
Вардар немаше старт каков што посакуваше, загуби од Брера со 3-1, а играта ниту од далеку не беше според желбите на „црвено-црните“ фанови, а сигурно и според плановите на тренерот Горазд Михајлов.
Убаво е да се носи дресот на Вардар, но од друга страна е и дополнителна тежина. Тоа го знаат само малкумина од овој тим, оние староседелците кои минаа и низ мачни денови за спас на клубот. Вардар доведе и неколку засилувања, но засега само Горан Закариќ ја оправдува улогата на квалитетна аквизиција, можеби заедно со партнерот од нападот Џибрил Дианеси.

Вардар е фаворит според букмејкерите на вечерашниот меч, а Пелистер доаѓа со желба да остане непоразен, иако изрази негодување дека правдата ќе ја дели скопски судија, Игор Стојчевски.
Пелистер на стартот одигра 1-1 против Гостивар на стадионот „Петар Милошевски“, па и битолчани бркаат прва победа во новата сезона.
За атмосферата треба да се погрижат двете навивачки групи, Комити и Чкембари, кои цела седмица се подготвуваат за своето издание како дел од ова дерби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
