Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше по победата на “црвените ѓаволи” со минимални 1-0 против тимот на Фулам во натпреварот од првото коло на англиската Премиер – лига. Единствениот гол го постигна Џошуа Зиркзе, кој влезе како замена во 61. минута.
„Замените секогаш се важни. Беше одлично да се види играч кој влегува од клупата и го постигнува победничкиот гол. Сите гледаат колку се важни резервните играчи. Тие треба да бидат подготвени. Постигнувањето голови е важно за еден напаѓач. Зиркзе има многу квалитети, треба да најде вистинска рамнотежа меѓу нив. Треба да влегува во казнениот простор за да ја вметнува топката, но сакаме и да се вклучува во нападите. Имаме неколку одлични играчи од средниот ред кои играат покрај него и можат да учествуваат во комбинациите”, изјави Тен Хаг.
Менаџерот на победничкиот тим исто така изнесе и неколку критики, намекнувајќи дека неговиот тим не требало да чека до толку доцна во натпреварот за да тргне во потрага по победа.
„Против Фулам секогаш е тешко да се игра, но ние притискавме навистина добро и ги држевме под притисок. Создадовме многу шанси и требаше да постигнеме гол порано. Единствената моја забелешка е што можевме да ја завршиме работата порано. Кога имаме постојана одбрана со четири играчи, ние се браниме интелигентно со висок пресинг, а средниот ред и крилните играчи можат да одат напред. Но, ако нема стабилност во одбраната, тогаш настануваат проблеми”, додаде Тен Хаг.
На крајот, Холанѓанецот зборуваше и за Џејдон Санчо, чие отсуство предизвика некои шпекулации.
„Џејдон имаше инфекција на увото оваа недела и не беше 100 % подготвен да излезе на теренот. Воопшто, можеше да игра, но ние го донесовме тоа решение”, заврши Тен Хаг.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski