
Од Милан конечно постигнаа договор со Монако за доведување на играчот од средниот ред Јусуф Фофана. Двата клуба ќе склучат договор во вкупна вредност од 25 милиони евра, а се очекува играч да пристигне во Милано уште вечерва или најдоцна утре.
Фофана одамна постигна договор со „росонерите“ за четиригодишен договор со плата од 3 милиони евра по сезона. Проблемот досега беше во цената, бидејќи Монако инсистираше да добие 35 милиони евра, иако договорот на играчот истекува следното лето. Причината за високите барања на клубот од Монако беше интересот од многу клубови за овој играч, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Вест Хем, Атлетико Мадрид и Тотенхем, но Фофана остана верен на договорот со Милан до самиот крај.
25-годишниот играч има одиграно вкупно 175 натпревари со седум гола и 15 асистенции во четири и пол сезони како дел од тимот од Кнежевството. Исто така, има 21 натпревар со три гола и една асистенција за националниот тим на Франција, и беше еден од избраниците на Дидие Дешамп за ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
