Реал Мадрид и Аталанта вечерва (21 часот) во Варшава ќе играат за трофеј во Суперкупот на Европа. „Кралевите“ во нападот ќе ги имаат Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, кое треба да биде страв и трепет за сите противнички одбрани.
Во средниот ред на Реал се Чуамени, Белингам и Валверде, а одбраната ја сочинуваат Милитао и Рудигер, заедно со Карвахал и Менди. На голот е Тибо Куртоа.
Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, нема толку големи ѕвезди, но има тим кој може да биде конкурентен на највисоко ниво. Во Аталанта ќе ги нема повредените Скамака и Скалвини, а Копмајнерс е пред трансфер во Јувентус и не е дел од тимот.
Во стартниот тим на Аталанта се најдоа: Мусо, Џимшити, Хиен, Колашинац, Запакоста, Едерсон, Де Рон, Руџери, Де Кетеларе, Ретеги, Лукман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













