
Јувентус официјално ја објави разделбата со досегашниот прв голман Војчех Шчесни, чиј договор до летото 2025 година беше раскинат со заемна согласност по доаѓањето на голманот Микеле Ди Грегорио од Монца.
„Беше јули 2017 година кога Тек, како што е познат, првпат го премина прагот на Јувентус, пристигнувајќи во Торино од лондонскиот Арсенал, откако првпат вкусил од италијанскиот фудбал за време на својата двегодишна позајмица во Рома. Од тој ден навивачите на Јувентус веднаш почувствуваа искра со Тек: насмевки, страст и пред сè, сигурни изведби на голот.
34-годишниот играч одигра 252 натпревари во дресот на Јувентус, од кои 200 во Серија А, што го направи седмиот странец со најмалку 200 првенствени настапи во нашите бои. Тек забележа 100 чисти мрежи и одбрани 9 пенали, со импресивна успешност од 73% при спасување удари, што го постави на првото место во оваа категорија во Серија А од неговото пристигнување во Торино. Полскиот репрезентативец освои осум трофеи во своите седум години како дел од Јувентус: три титули во Италија, три Купа на Италија и два Суперкупа на Италија. Тек ќе биде засекогаш запаметен како посветен играч и човек кој го носеше нашиот дрес со гордост и професионализам. Благодариме за сè, Тек, и среќно во иднина!” – напишаа од клубот во своето соопштение.
Thank you for everything, Tek!
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) August 14, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
