Connect with us

Лајпциг го доведе наследникот на Дани Олмо

Германскиот бундеслигаш Лајпциг се засили со норвешкиот репрезентативец Антонио Нуса од Бриж. Офанзивниот фудбалер потпиша договор на пет години со „биковите“ и ќе биде нов соиграч на Елиф Елмас.

19-годишниот Нуса се смета за еден од најголемите таленти на Норвешка. Тој има седум натпревари за националниот тим. Нуса прејде во Бриж од Стабек во 2021 година. Има постигнато седум голови и шест асистенции за белгискиот тим во 86 натпревари.

Од Антонио Нуса се очекува да го замени Дани Олмо, кој направи трансфер во Барселона.

Германските медиуми тврдат дека Лајпциг платил 21 милион евра, со бонуси, за неговите права.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови