
Европскиот првак Реал Мадрид утревечер (21 часот) во Варшава ќе се сретне со Аталанта во дуелот за Суперкупот на Европа. Тренерот Карло Анчелоти вели дека има максимален респект за италијанскиот тим, но и потенцира дека Реал секогаш е подготвен да освои нов трофеј.
„Ние сме максимално мотивирани да го освоиме трофејот и да ја стартуваме сезоната на успешен начин. Имавме добра турнеја во САД, но не бевме комплетни, голем дел од фудбалерите имаа подолг одмор поради настапите на Европското првенство. Но, полека се комплетираме, ќе играат тие кои што се подготвени и бидете уверени дека Реал сака да го освои трофејот“, изјави Анчелоти.
Тој истакна дека Килијан Мбапе е веќе вклопен со соиграчите и дека на врвните играчи не им треба премногу за да „кликнат“ со тимот.
„Мбапе е тука, тој е максимално мотивиран, одлично се вклопи и сигурно дека ќе биде еден од нашите големи адути во новата сезона. Но, имаме уште многу врвни играчи и драго ми е што е така, иако тоа понекогаш ми создава проблеми затоа што сите тие сакаат да играат цел натпревар“, истакна тренерот на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
