
Сослушувањето на Манчестер Сити за обвиненијата за наводно прекршување на финансиските правила на Премиер – лигата е поместено за повеќе од еден месец порано, информира британски „Тајмс“. Првично, сослушувањето беше планирано да започне во ноември и да трае околу десет недели, но сега постапката ќе започне меѓу средината и крајот на септември.
Од „Итихад“ досега ги отфрлаат сите обвиненија. Сè уште не е јасно какви казни можат да бидат изречени на Манчестер сити ако клубот биде прогласен за виновен. Според различни информации, казната би се движела од одземање на бодови, па сѐ до испраќање на клубот во пониска дивизија.
Очекувањата се дека пресудата ќе биде изречена на почетокот на 2025 година.
„Тајмс“ дополнува дека во рок од две недели се очекува да биде донесена и одлука за друго дело против Граѓаните од страна на Премиер лигата – за непазарни спонзорски договори со компании поврзани со сопствениците, кои му помагале на клубот во годините да го балансира својот буџет и да избегне проблеми со финансиските правила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
