Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Англија (ПФА) ги објави имињата на шесте фудбалери кои ќе се борат за наградата играч на сезоната. Шампионот Манчестер Сити е претставен од тројца фудбалери – Ерлинг Халанд, кој ја доби наградата минатата година, Фил Фоден, кој во мај ја доби наградата за играч на сезоната од Премиер – лигата, и Родри, кој неодамна беше избран за најдобар фудбалер на ЕВРО 2024.
Конкуренција им се капитенот на Арсенал, Мартин Едегар, новата ѕвезда на Челси, Кол Палмер, и напаѓачот на Астон Вила, Оли Уоткинс.
Истовремено, од ПФА беа објавени и номинираните за најдобар млад играч. Фаворити се ѕвездите на Арсенал и на Челси, Букајо Сака и Кол Палмер. Во списокот се и талентите на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо и Коби Мејну, поранешниот ас на Кристал Палас Мајкл Олисе, кој направи трансфер во Баерн Минхен, и напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро.
Победниците ќе бидат објавени на церемонија која ќе се одржи на 20 август 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













