
Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди решил да остане во Реал Сосиедад, со што завршуваат надежите на Ливерпул за негово ангажирање ова лето.
Се очекува Зубименди да потпише нов договор со Реал Сосиедад, иако неговата плата ќе биде значително пониска од она што му го понуди Ливерпул.
Минатата недела стана јасно дека „црвените“ се заинтересирани за него, но договорот не беше постигнат. Сега е потврдено дека тоа нема да се случи, бидејќи Зубименди го одби трансферот на „Енфилд“.
Мартин Зубименди веќе неколкупати ја демонстрира својата приврзаност кон Реал Сосиедад, откако претходно одби понуди и од Баерн Минхен и од Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
