Англискиот премиерлигаш Челси сака да го продаде Ромелу Лукаку, но под свои услови.
Италијанските извори откриваат дека Наполи е подготвен да плати 25 милиони евра плус дополнителни пет милиони преку бонуси, но Челси не сака ни да слушне за таква понуда.
Најверојатно, Челси бара 43 милиони евра и во моментот не размислува да ја намали цената за напаѓачот, кој сè уште има висока вредност на пазарот.
Во исто време, Наполи работи на трансферот на Давид Нерес од Бенфика, кој е крилен напаѓач и голема желба на Антонио Конте. Тој е достапен за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра, што е прифатливо за „наполитанците“.
Што се однесува до Лукаку, тој одамна има понуди од Саудиска Арабија, но засега ги одбива понудите за преселба на Исток.
Минатата сезона Лукаку играше како позајмен играч во дресот на Рома во Серија А, но сега повторно е во сопственост на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













