
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најверојатно нема да ризикува со вклучувањето на Џуд Белингам во натпреварот за Суперкупот на Европа против италијанскиот калчолигаш Аталанта во среда, на 14 август.
Шпанскиот тим се врати на домашно тло по претсезонската турнеја во САД, очекувајќи го почетокот на сезоната 2024/25. Белингам ја пропушти турнејата во САД, како што беше претходно договорено со Анчелоти, поради неговото учество со репрезентацијата на Англија на Европското првенство и тешката прва сезона со Реал Мадрид.
Клубот планира внимателно да го регулира неговото време на играње во септември, користејќи го како резерва, што може да вклучи и негово изоставување од стартниот состав за натпреварот со Аталанта во Варшава, открива шпанскиот весник „Марка“.
Англискиот репрезентативец не бил меѓу единаесетмината што Карло Анчелоти ги подготвува како стартери на последниот тренинг на Реал пред заминувањето за Полска. Тоа може да биде сигнал дека плановите на Карло Анчелоти се поинакви.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
