
Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, повторно одби понуда од Саудиска Арабија, известуваат италијанските медиуми. Ал-Кадсија му понуди на Аргентинецот четиригодишен договор вреден 100 милиони евра, односно 25 милиони евра по сезона, но тој одлучи да остане во Рома затоа што сака да освои трофеј со тимот.
Договорот на 30-годишниот фудбалер содржи две одделни клаузули за италијански и за странски клубови, а тие можеа да бидат активирани до 31 јули.
Во минатата сезона Пауло Дибала постигна 16 гола и забележа 10 асистенции во 39 натпревари.
Ал-Кадсија е нов клуб во елитата на Саудиска Арабија. Тимот веќе се засили со Езекиел Фернандез од Бока Хуниорс, Пјер-Емерик Обамејанг од Олимпик Марсеј, Начо Фернандез од Реал Мадрид, Наитан Нандез од Калјари и Коен Кастелс од Волфсбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
