Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, објави дека ќе остане во тимот и во новата сезона. За Бразилецот имаше сериозен интерес од Саудиска Арабија, но тој одлучи да продолжи да игра на „Етихад“.
„Одлуката е донесена. Ќе останам во Манчестер Сити и оваа сезона“, изјави Едерсон за „ЕСПН“.
„Разговарав со Пеп Гвардиола и тоа беше пресудно. Целосно сум фокусиран на освојувањето на уште титули. Разговарав исто така и со управата, директорите, соиграчите и одлучив да останам“, додаде бразилскиот голман.
Манчестер Сити ја започна сезоната со трофеј, откако го победи Манчестер Јунајтед во „Комјунити Шилд“ по изведување на пенали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













