Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е задоволен од освоениот трофеј во натпреварот за Суперкупот на Англија – Комјунити Шилд.
53-годишниот стратег ги откри позитивните и негативните страни во настапот на гигантот од Манчестер. Тимот од „Итихад“ го победи градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 7-6 по изведување на пенали. Во регуларното време дербито заврши со резултат 1-1.
„Многу е добро да се започне сезоната со трофеј. Убаво е да се игра во овој натпревар, бидејќи тоа значи дека си освоил нешто во претходната сезона. Задоволни сме. Можевме и да загубиме, сè уште сме далеку од нашата најдобра форма, но, сепак, видов многу нешта што ми се допаднаа. Во моментов целта не е да ја освоиме титулата, туку фокусирани сме на следниот натпревар. Треба да одиме чекор по чекор“, изјави Пеп Гвардиола за „Скај Спортс“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













