Актуелниот англиски првак Манчестер Сити ќе доведе квалитетен крилен напаѓач до крајот на летниот преоден рок, за да го надомести заминувањето на Хулијан Алварез. Аргентинецот е пред трансфер во Атлетико Мадрид, а на „Итихад“ треба да пристигне францускиот интернационалец Кингсли Коман од Баерн Минхен.
Пеп Гвардиола смета дека тој би можел да донесе голема разновидост во играта на „граѓаните“ и преговорите се веќе започнати.
Во првата сезона Коман би играл во Манчестер Сити како позајмен играч, а потоа би следел задолжителен откуп на неговиот договор од Баерн Минхен.
Коман минатата сезона во еден период беше повреден, па одигра само 17 натпревари во Бундес-лигата и постигна три гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













