Дани Олмо е ново засилување на Барселона, објави клубот. Каталонците постигнаа договор со Лајпциг, при што трансферната сума изнесува 55 милиони евра, плус 7 милиони евра во форма на бонуси.
Шпанскиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Барселона, во кој е вклучена откупна клаузула од 500 милиони евра.
26-годишниот играч за врска играше за Лајпциг од јануари 2020 година. Тој одигра 148 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигна 29 гола и забележа 34 асистенции.
Back at home 🏠 pic.twitter.com/ZHXGG8Zzd7
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 9, 2024
Во минатата сезона во Бундес – лигата, Олмо одигра 21 натпревар, постигна четири гола и забележа пет асистенции. Исто така, тој стана европски шампион во 2024 година со шпанската репрезентација.
Дани Олмо се враќа во Барселона по 10 години. Тој пристигна во Ла Масија во 2007 година од соседниот Еспањол, и по седум години во академијата одлучи да ја продолжи кариерата во Хрватска, потпишувајќи со Динамо Загреб. Со овој клуб дебитираше и во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













