
Манчестер Јунајтед подготвува нова понуда за централниот дефанзивец на Евертон, Џеред Брантвејт. На почетокот на летото „црвените ѓаволи“ испратија две понуди, втората беше вредна 45 милиони фунти, плус пет милиони во форма на бонуси. Меѓутоа, Евертон продолжи да инсистира на 70 милиони, поради што 20-кратните шампиони го пренасочија интересот кон Матијс де Лихт.
Холанѓанецот сè уште е трансферна цел на Јунајтед и најверојатно ќе биде ангажиран, но повредата на Лени Јоро го принуди клубот од „Олд Трафорд“ да бара уште еден играч во централната одбранбена зона.
18-годишниот дефанзивец беше опериран по повредата добиена на контролниот натпревар со Арсенал. Првично од клубот објавија дека ќе се опоравува околу три месеци, но на „Олд Трафорд“ не веруваат дека Јоро ќе може да игра до крајот на календарската година.
Затоа, Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати нова понуда за Брантвејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
