Connect with us

Конечно пронајде клуб: Давид де Хеа потпишува за Фиорентина

Беше едно од последните големи засилувања на Сер Алекс, го освои последниот трофеј во Премиер – лигата за Јунајтед пред 12 години, Лига Европа и бројни домашни купови. Но, со доаѓањето на Ерик тен Хаг, го загуби местото во тимот.


Го напушти „Олд Трафорд“ и не бранеше во последната година, тренираше сам, без клуб. Се споменуваа разни опции, но се зборуваше дека неговите финансиски барања се премногу високи.

На крајот, Давид де Хеа започнува веројатно последното поглавје во својата кариера од Италија. Се договори со Фиорентина. Шпанецот ќе потпише едногодишен договор вреден само околу милион евра, а ако ги задоволи очекувањата, ќе следува продолжување за наредната сезона со уште два милиони.

„Виолетовите“ се обезбедија, иако станува збор за големо име во европскиот фудбал, никој не е сигурен што може да се очекува од Шпанецот по долга пауза. Првиот голман минатата сезона беше ветеранот Терачано, но новиот тренер Рафаеле Паладино бара поголемо име, поискусен голман за големите натпревари. Терачано најверојатно ќе замине, а со Де Хеа ќе расте младиот Томазо Мартинели, кој бранеше за сите младински селекции на Италија.

Фиорентина го доведе Моисе Кин од Јувентус, пристигна и хрватскиот стопер Понграчиќ од Лече, како и уште еден дефанзивец, Аргентинецот Валентини од Бока Јуниорс.

Целта е да се најде замена за Миленковиќ, кој би можел да замине до крајот на преодниот рок, а Нико Гонзалес го посакуваат и Аталанта и Јувентус.

Паладино е заинтересиран за Гудмунсон од Џенова, а следното засилување речиси сигурно ќе биде младиот Мароканец Амир Ричардсон. Играчот на Реимс штотуку освои олимписка бронза со својата репрезентација, а во наредните неколку дена ќе потпише договор со Фиорентина, отштетата изнесува 10 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови