
Манчестер Јунајтед отпочна прелиминарни разговори со Монако за фудбалерот за врска Јусуф Фофана, објавува „Скај Спортс“.
„Црвените ѓаволи“ ја истражуваат можноста за привлекување на играчот, кој е француски репрезентативец и влегува во последната година од неговиот договор.
Фофана игра за Монако од 2020 година, кога беше привлечен од Стразбур и има 175 настапи за тимот, при што постигна седум гола.
На „Олд Трафорд“ очигледно се во потрага по дефанзивен играч од средниот ред, откако беа поврзувани со Мануел Угарте од ПСЖ, кој сè уште е опција, како и со други играчи.
Во исто време, Фулам го прекина интересот за Скот Мектоминеј, кој исто така игра на оваа позиција. Јунајтед одби две понуди за фудбалерот, кој очигледно треба да биде продаден за да се отвори место за нов играч за врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
