Челзи се повлекува од трката за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, тврдат италијанските медиуми. Лондонскиот клуб веќе го договори Саму Омородион од Атлетико Мадрид и се откажа од идејата да донесе друг напаѓач.
Извесно време Челси и Наполи водеа преговори за договор во кој ќе биде вклучен и Ромелу Лукаку. Италијанскиот клуб, сепак, не се согласи да го продаде Осимен за пониска сума од неговата откупна клаузула, која изнесува 130 милиони евра.
Во моментов сериозни кандидати за Осимен се Пари Сен Жермен и клубови од Саудиска Арабија, а можно е да се вклучи и Арсенал, кој исто така има потреба од нов централен напаѓач. Сепак, поверојатно е „топчиите“ да ги насочат своите напори кон голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш.
Во Неапол очигледно се убедени дека трансферот на Осимен ќе се случи, бидејќи Нигериецот не учествува во натпреварите од претсезонските подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













