
Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот клупски фудбал и сѐ уште еден од најдобрите фудбалери на Струга Трим Лум, Бесарт Ибраими, го напушта клубот пред стартот на новата сезона во Првата лига. Од Струга доаѓаат информации за предвремен раскин на договорот, а најавите се дека тој најверојатно ќе се врати во редовите на Шкендија.
Бесарт Ибраими и ова лето беше лидер на тимот на Струга ТЛ во настапите на европска сцена. Стружани, сепак, потфрлија и не отидоа така далеку како минатото лето, прво во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и во квалификациите на Конференциската лига.
Ибраими дојде во Струга Трим Лум во 2022 година, а во Македонија има играно и за Шкендија, Ренова, Напредок и за Влазрими. Има и богато интернационално искуство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
