Connect with us

Сити го продава Хулијан Алварез, Атлетико Мадрид ќе плати 95 милиони евра!

Хулијан Алварез ќе стане нов член на Атлетико Мадрид. Како што е потврдено од повеќе извори, Атлетико ќе плати 75 милиони евра фиксно и дури уште 20 милиони бонуси за потписот на одличниот Аргентинец.


Вкупната сума од 95 милиони евра е убедливо најголемата продажба во историјата на Манчестер Сити, бидејќи досегашниот рекорд беше заминувањето на Рахим Стерлинг во Челси за 56 милиони евра.

Манчестер Сити ќе заработи речиси петпати повеќе отколку што плати за Алварез во зимата 2022 година кога на сметката на Ривер Плата уплати 20 милиони евра.

Алварез доби дозвола да отпатува во Мадрид за лекарски прегледи и потпис на договорот до летото 2029 година.

Пеп Гвардиола очигледно и овојпат не сакаше да му стои на патот на својот незадоволен играч, бидејќи Алварез сакаше значајна улога во континуитет, а не да чека повреда или ротација на Ерлинг Халанд.

Исто така, се верува дека Сити сега ќе тргне по замена за Алварез, што нема да биде воопшто лесно, бидејќи е потребно да се најде квалитетен напаѓач кој ќе ја прифати улогата на резервист.

Што се однесува до Диего Симеоне, очигледно е дека неговиот план е да ги спои Алварез и Сорлот, кој дојде од Вилјареал, па останува да видиме каква улога ќе добие Антоан Гризман.

Кога на тоа ќе се додаде дека доаѓа и Конор Галагер од Челси, јасно е дека Атлетико оваа сезона сака да биде во игра за сите трофеи, особено во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови