Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, ќе го скрати својот одмор, пренесува „Газета дело Спорт”. Аргентинецот играше на Копа Америка и беше клучен за триумфот на „гаучосите”, станувајќи голгетер на турнирот, кој заврши на 14 јули.
Мартинез доби подолг одмор и требаше да започне со подготовките со Интер на 8 август, што е само една недела пред стартот на сезоната во Серија А. Поради тоа, постоеја сомнежи како ќе биде подготвен за првиот натпревар на „нероаѕурите” во првенството против Џенова.
Меѓутоа, напаѓачот одлучи да се врати неколку дена порано и ќе се приклучи на своите соиграчи утре или во вторник. Тој самиот ја донел оваа одлука за да се стави на располагање на тимот.
Отсуството на Лаутаро Мартинез не би било голем проблем ако не беше повредата на Мехди Тареми, кој постигна пет гола на контролите. Сепак, новото засилување се повреди и може да го пропушти стартот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













