Connect with us

Тијаго Мота прави „чистка“ во Јуве: Киеза, Шчешни, Костиќ, Меккени…

Вкупно осуммина се фудбалерите на Јувентус кои немаат иднина во клубот, според новиот тренер Тијаго Мота, и треба да си бараат нови тимови. Тоа се Федерико Киеза, Војчех Шчешни, Вестон Меккени, Матија Де Шилјо, Артур Мело, Филип Костиќ, Даниеле Ругани и Ханс Николуси Кавиља, објавија италијанските медиуми.

Акцентот е ставен на Киеза, кој поради оваа причина не беше вклучен во групата за изминатиот контролен натпревар против Брест во саботата вечер. По натпреварот, тренерот потврди дека италијанскиот напаѓач не влегува во неговите планови. Надвор од групата беа и останатите седуммина.

На списокот не беше и португалскиот дефанзивец Тијаго Џало, за кого исто така се зборува дека завршил со Јуве.

Новата сезона во Серија А започнува за две недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови