
Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих донесе одлука да остане во Баерн Минхен, и покрај интересот од клубови како Пари Сен Жермен, Ливерпул и Барселона. Неговиот сегашен договор истекува за една година, но спортскиот директор на баварците Макс Еберл веќе потврди дека двете страни започнале преговори за нов договор.
Клубот бара од германскиот репрезентативец, кој моментално заработува 20 милиони евра годишно, да ја намали својата плата. 29-годишниот играч најверојатно ќе се согласи и ќе остане на „Алијанц Арена“, откако самиот ја исклучи можноста за трансфер во друг клуб ова лето.
„Џошуа долго време е важен играч за Баерн и очекувам да продолжи да биде таков и во иднина. Имавме многу позитивен разговор. Преговорите ќе продолжат“, истакна Еберл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski