
Александер Сорлот ќе биде новиот централен напаѓач на Атлетико Мадрид. Денес напладне тој слета во шпанската престолнина за да го заврши својот трансфер во клубот од „Сивитас Метрополитано“.
Норвешкиот репрезентативец доаѓа од Вилјареал, за кој минатата сезона постигна 26 гола.
Сѐ уште е нејасно дали Атлетико Мадрид директно ќе ја активира откупната клаузула од 38 милиони евра, или е постигнат договор со „жолтата подморница“.
Порано ова лето, тимот на Диего Симеоне интензивно го посакуваше Сорлот како замена за Алваро Мората, но потоа се насочи кон Украинецот Артем Довбик од Џирона. Сепак, тој прејде во Рома, што го врати скандинавецот на списокот на посакувани офанзивни фудбалери кај Симеоне.
Сорлот има 28 години и е висок 195 сантиметри. Забележливо е дека тој често ги менува клубовите, а во Шпанија играл и за Реал Сосиедад.
Покрај ова, Атлетико Мадрид работи и на трансферот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
