
Македонскиот првак Струга Трим Лум доживеа пораз (3-1) од Пјуник во Ереван што значи и елиминација од европските натпреварувања за оваа година. Тренерот Ќатип Османи, секако не е задоволен и на прес – конференцијата го даде своето мислење за настапот во квалификациите на Конференциската лига.
Иако амбициите беа многу поголеми, Струга ТЛ го заврши европскиот пат во второто квалификациско коло.
„Во првото полувреме не бевме на потребното ниво. Дозволивме премногу простор за противникот да не нападне блиску до нашиот гол и како резултат на тоа примивме и два гола. Со помош на Ибраими успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Второто полувреме можам да кажам дека беше израмнето, се обидувавме неколку пати да ја загрозиме противничката мрежа, но без успех. На крајот се случи тоа што се случи, примивме и трет гол, кој нѐ елиминира од европските натпреварувања“, изјави тренерот Ќатип Османи.
Денешниот натпревар против Пјуник беше јубилеен 30-ти за тренерот на Струга ТЛ во европските натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
