Connect with us

Марсело Гаљардо се враќа на клупата на Ривер Плата

Марсело Гаљардо е многу блиску до враќање на чело на Ривер Плата, информираат аргентинските и шпанските медиуми. Гаљардо беше на чело на гигантот од Буенос Аирес цели осум години, од 2014 до 2022, во кои успеа да освои една титула во 2021 година, како и три купа на земјата во 2016, 2017 и 2019 година.


Тој исто така успеа да триумфира двапати во Копа Либертадорес, во 2015 и 2018 година, а една година подоцна го загуби финалето.

Во 2022 година Гаљардо замина со желба да води тимови во странство, но неговиот престој на чело на Ал-Итихад не беше особено успешен. Тој беше ослободен од саудискиот тим, откако заврши само на петтото место во шампионатот, и покрај големите инвестиции и привлекувањето на фудбалери од рангот на Н’Голо Канте и Карим Бензема.


Сега Гаљардо може да се врати на чело на омилениот клуб Ривер Плата, кој се претставува слабо и моментно го зазема само седмото место во домашниот шампионат. Се очекува да го замени отпуштениот пред два дена, Мартин Демикелис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови