
Шпанските медиуми објавија дека доаѓањето на 27-годишниот украински фудбалер Артем Довбик во Атлетико Мадрид е речиси завршена работа, но во моментов, Украинецот е поблиску до Рома. Менаџерот на напаѓачот на Џирона се сретна во Рим со челниците на италијанскиот прволигаш и по таа средба, италијанските медиуми објавија дека одличниоѕ напаѓач ова лето би можел да дојде на „Олимпико“.
Рома треба веќе во петок да испрати официјална понуда, која ќе изнесува 30 милиони евра, но со бонуси може да достигне и 40 милиони евра. Токму таква сума постои како клаузула во договорот на Украинецот кога станува збор за неговото заминување. Украинскиот репрезентативец е во Џирона од 2023 година и во 36 првенствени натпревари постигна дури 24 гола.
Минатата сезона беше прв стрелец на шпанската Ла Лига со 24 гола, додека на второ место беше Норвежанецот Сорлот, член на Вилјареал, со еден гол помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
