
Македонскиот првак Струга Трим Лум го победи Пјуник со 2-1 во првиот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Првиот гол од пенал беше дело на Бесарт Ибраими, а во 73.минута прекрасен гол од далечина постигна Стефан Спировски.
Играчот за врска стрелаше против тимот чиј дрес го носеше во сезоната 2022/23.
„Секако дека сме задоволни, можеби требаше подобро да го искористиме домашниот терен, но победата е победа, и еден гол разлика не е малку. Имаме уште 90 минути за игра, сигурно дека нема да биде лесно, знаеме за каква екипа станува збор. Колективно или индивидуално, верувам дека ги реализиравме задачите што ни ги даде тренерот, кој како што рече, можевме да оствариме и поубедлива победа, но и еден гол разлика е позитивен резултат пред реваншот“, изјави Стефан Спировски, кој ќе го памети мечот и по првиот постигнат гол во дресот на Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
