
Манчестер Јунајтед би можел да продаде дури седум фудбалери за да собере средства и да направи простор за потенцијални нови засилувања. По пристигнувањето на Џошуа Зиркзе (42,5 милиони евра од Болоња) и Лени Јоро (62 милиони евра од Лил), се очекува дека гигантот од „Олд Трафорд“ ќе претстави уште неколку нови лица во овој трансферен период.
Во клубот очекуваат нови доаѓања, а најчесто се споменува дека Мануел Угарте, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи би можеле да се преселат во црвениот дел на Манчестер. За да се реализираат тие трансфери, клубот ќе мора да направи распродажба, а англиските медиуми ја објавија листа на фудбалери што треба да заминат.
Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Ентони и Џејдон Санчо ќе бидат слободни да го напуштат клубот, доколку пристигне понуда која би го задоволила раководството на Јунајтед.
Во групата на можни продажби спаѓаат и Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен, сите со договори кои истекуваат следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
