
УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората.
Шпанците неодамна го освоија Европското првенство во Германија, а по пристигнувањето во Мадрид, за време на прославата на титулата пред голем број навивачи, во занесот овој тандем пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалската федерацијаз на Гибралтар поднесе жалба до УЕФА.
Гибралтар од 18-тиот век е енклава на Велика Британија на јужниот дел од Пиринејскиот полуостров, која Шпанија ја бара назад, но не постои никаков политички договор.
УЕФА веќе ангажираше дисциплински инспектор кој ќе оцени дали Родри и Мората, и колку, ги прекршиле правилата.
Ако бидат прогласени за виновни, веројатно ќе следува суспензија.
Тоа би можело да значи дека Шпанија ќе го започне натпреварувањето во УЕФА Лигата на нации без двајца стартери и капитени.
Инаку, Шпанија ќе го брани трофејот во Лигата на нации кој го освои пред една година, кога во финалето по подоброто изведување на пенали ја победи Хрватска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
