Артeм Довбик ќе биде замената за Алваро Мората во Атлетико Мадрид. Напаѓачот на Џирона е пред трансфер во тимот на Диего Симеоне кој инсистира да го добие Украинецот во својата навална линија.
Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид и чека двата клуба да ги финализираат преговорите за комплетирање на трансферот.
Довбик има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра и Џирона не планира да го продаде за помалку од оваа сума. Но, каталонскиот клуб се согласил на опција, каде што би добил 35 милиони евра веднаш и дополнителни 5 милиони евра во форма на бонуси.
27-годишниот Довбик минатата сезона стана најдобар стрелец во Ла Лига со 24 гола, а забележа и осум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













