
Холандскиот великан Феенорд од Ротердам го промени изгледот на официјалниот грб, иако станува збор за многу благи естетски измени кои на повеќето нема да им бидат видливи на прв поглед. Од грбот е отстранета централната сива линија и малку е изменет распоредот на буквите, што може да се забележи во видеото кое ги прикажува сите претходни промени на грбот.
The Feyenoord logo: a 𝐅resh look
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) July 22, 2024
Актуелните вицешампиони Холандија имаат освоено три европски трофеи. Пред 54 години беа шампиони на Европа, а двапати го освоија и Купот на УЕФА, во 1974 и 2002 година. Холандскиот шампионат го имаат освоено 16 пати, а Купот 14 пати. Четирипати го имаат освоено и Суперкупот на Холандија.
Феенорд минатата сезона го предводеше Арне Слот, хит-тренерот кој потоа го напушти клубот и стана наследник на Јирген Клоп во Ливерпул. Во новата сезона со новиот грб Феенорд ќе го води новиот тренер, Данецот Бриан Приске. Клубот како вицешампион на Холандија ќе настапува во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski