Едуард Јорданеску реши да ја напушти функцијата селектор на националниот тим на Романија, откако успеа да го пласира во осминафиналето на ЕВРО 2024, објави Романската фудбалска федерација. 46-годишниот стратег, чиј договор истекува на крајот на јули, решил да направи пауза.
„Мисијата ми е исполнета“, напиша Еди Јорданеску на својот профил на Фејсбук, честитајќи на генерацијата фудбалери кои имаат „фантастичен потенцијал“. Тој решил да се посвети барем за некое време на своето семејство.
Јорданеску беше на чело на тимот од почетокот на 2022 година. Селекторот успеа да ја пласира Романија на финалето на прв голем турнир по осум години, при што тимот не загуби ниту еден натпревар во квалификациите.
Романскиот тим изненадувачки заврши на прво место во својата група на ЕВРО 2024, пред селекциите на Белгија, Словенија и на Украина, според гол – разликата.
Романија загуби од Холандија на осминафиналето. Едуард е син на поранешниот селектор Ангел Јорданеску, кој ја предводеше романската репрезентација до четвртфиналето на Светското првенство во САД во 1994 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













